Нега и Убавина

8 ефективни природни третмани за отстранување акни

отстранување акни

Не само во пубертетот и тинејџерските години, акните може да се појават во било кој период од возраста. Не само што се непријатни за вашата кожа, туку сигурно Ви предизвикуваат фрустрација и засраменост. Постојат разни медицински креми и лосиони за негување, чистење и третман на кожата, односно на акните. Но, бидејќи акните се приказна која нема крај, обидете се со поприродни начини за нивно отстранување.

1.Променете ја исхраната

Борбата против акните треба да ја започнете со промена на типот на храна која ја јадете. Многу често, таа е причинител за појава на акни. Преработената храна, особено шеќерите, предизвикуваат воспалителни процеси во организмот. Јадете повеќе растителна храна, за да се намали воспалението.

Другата причина за да се промени исхраната, е што некои типови на прехранбени производи, во себе содржат додатоци од хормони, кои пак предизвикуваат дисбаланс на хормонскиот статус на организмот.

2.Јаболков оцет

За елиминирање на акните, треба да се делува на pH средината на кожата. Јаболковиот оцет може да послужи како одличен тоник за алкализација на средината, а дополнително, ефектот му е позначаен, затоа што содржи ензими, магнезиум и калиум. Ваквата комбинација ги убива бактериите и габите на кожата, кои се предизвикувачи на акни. Натопете едно памукче во јаболков оцет и премачкајте ги проблематичните делови на кожата.

3.Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво содржи важни компоненти кои делуваат бактерицидно на два типа на бактерии кои предизвикуваат акни, S. epidermidis и P. acnes. 5% масло од чајно дрво аплицирано на акните, делува на ист начин како и лосионите со benzoyl peroxide.

Направете дома сами раствор за третирање на акните: 1 дел масло со 9 дела вода. Со помош на памукче, кое ќе го натопите со овој раствор, премачкајте ги акните. Ова  може да го правите неколку пати во текот на денот.

4.Мед и овес

Медот има фантастични антибиотски својства. Направете смеса од 1/2 шолја мед  и 1 шолја овесна каша и нанесете ја на кожата половина час.

Медот може да помогне и за третирање на лузните од акни – мачкајте ги лузните со чист мед.

5.Мед и цимет

Маската од мед и цимет има извонредни антиоксидантни, антибактериски и антивоспалителни својства. Направете мешавина од 1/2 лажица цимет, со кокосово масло и мед, ставете ја на лицето и нека стои 10 минути, а потоа нежно, со влажна крпа извадете ја маската. Внимавајте да не дојде во допир со очите, бидејќи циметот може да ги иритира.

6.Зелен чај

Зелениот чај содржи супстанци кои делуваат антимикробно и антиоксидативно. Направете зелен чај, а потоа водата користете ја за миење на лицето.

7.Алое вера

Помага за лекување на акните, како и за намалување на лузните од акни. Користете гел од алое на целото лице, помага за хидратација на кожата.

8.Користете пробиотици

Суплементи со пробиотици ја одржуваат цревната флора, одговорна за добра дигестија на храната, како и добар имун систем, а сето тоа се одразува на здравјето на кожата.

 

Дознајте за Балзамико оцет: 10 здравствени придобивки

 

М.Д.

error: