Нега и Убавина

7 природни начини за моментално побели заби

природно избелување на заби

Одредени состојки во вашиот дом се безбедни и може да помогнат да имате побели заби. Во продолжение ви објаснуваме како на природен начин да добиете блескава насмевка.

Редовно четкање и чистење со конец

Добрата орална хигиена е клучна за да ги зачувате забите здрави и да имате убава насмевка. Пастите за заби нежно ги отстрануваат дамките од површината на забите. Со чистење на забите со конец се отстранува храната и бактериите меѓу забите, кои можат да се останат на плакот и да ги направи вашите заби потемни.  

Плакнење со масло

Оваа техника е популарна во ајурведската медицина. Треба секој ден да земете една лажица масло (сусам, кокос или маслиново масло) и да го држите во уста 20-тина минути за да ги уништите бакетриите. Една студија вели дека кокосовото масло може да го спречи расипувањето на забите, но оваа теорија сеуште не е научно докажана.

Сода бикарбона

Сода бикарботата е благ абразив кој помага да се чистат дамките од забите. Може да користите прав или пасти за заби кои содржат натриум бикарбонат. Истражувањата велат дека со тек на време со користење на производи кои содржат сода бикарбона може да помогнат да се отстраната површинските дамки од забите.

Јаболко, ананас и јагоди

Киселината во јаболкото го зголемува лачењето на плунката, која пак помага да се измијат забите. Пастите за заби кои содржат бромелаин, состојка во ананасот, помагаат да се избелат забите. Но нема докази дека со јадење на овие овошја вашите заби ќе сјаат. Во однос на јагодите една студија покажа дека лимонската киселина во јагодите може да ја разгриза надворешната обвивка на забот.

Хидроген пероксид

Ова е состојка ја има во повеќето производи за белеење кои се користат во домот.Таа исто така  ја менува бојата на забот. Според една студија со користење на гел од 6% хидроген пероксид може да ги направи забите побели во период од 2 недели. Но Американската стоматолошка асоцијација предупредува дека хидрогенот пероксид, пред да ги обели забите, ќе ги иритира ваште непца.

Јаболков оцет

Се верува дека јаболковиот оцет ги уништува бактериите и ги белее забите. Но за жал, ниту една студија го нема потврдено ова. Јаболковиот оцет може да го подобри вкусот на вашата салата, но не и да ги обели забите.

Куркума

Зачин кој е познат по природната боја, која може да ја обои белата ткаенина во светло златна. Наводно куркумата може да ги обели забите во бисерно бели. За жал нема цврсти докази кои ќе ја поддржат оваа теорија.

Внимавајте што јадете

Храна, вклучувајќи темни плодови и пијалоци, како што се кафе, црвено вино се познати виновници, но не треба да се откажете. Уживајте во умерени количини и по консумирањето изплакнете ги забите со вода за да го намалите влијанието врз вашите заби. Пушењето цигари исто така доведева до потемнување на забите, што е уште една причина зошто треба да ги откажете.

Би можело да ве интересира и: Направи сам: Паста за заби со активен јаглен (ВИДЕО)

А.Е.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: