ЗанимливостиИсхрана

Зошто вода пред и после јадење?

пиење вода после јадење

Водата како и сите други течности не се препорачува да се конзумира за време на оброк или барем не во големи количини, бидејќи конзумирање на истата додека јадете го попречува процесот на варење на храната.

Најпрепорачливо е да се пие млака вода, поради тоа што има најмалку влијание врз процесот на варење на храната. Понекогаш и млак чај за време на оброкот може да му годи на стомакот.

Важно е да обрнете внимание на жедта пред оброкот.

Конзумирајте многу вода или други течности како чај, лимонада или свежо исцедени сокови, со цел да не бидете жедни кога ќе започнете со оброкот.

Се препорачува да се внесуваат од 6 до 8 чаши вода или 1,5 до 2 литри вода во денот. Меѓутоа, колку помалку сол има во храната толку помалку ќе чувствувате потреба за течност.

Газираните пијалаци, кафето и алкохолот делуваат како диуретици, затоа ниту еден од овие пијалоци не може да претставува било каква замена за вода.

 

 

К.М.

error: