ЗдравјеИсхрана

“Здрав шеќер” – дали навистина постои?

Со години се зборува за ризикот од исхраната во која се застапени шеќерите. Веројатно и сѐ поголем дел од популацијата се освестува и почнува да внимава на навиките за исхрана. Но, често се прашуваме, со што да го замениме белиот шеќер, а да тоа биде здрав засладувач? Дали кафеавиот шеќер е опција?

Кафеавиот шеќер не е поздрав од белиот

Иако делува дека кафеавиот е поздрав од белиот шеќер, во реалноста не е така. Тоа е всушност бел шеќер, на кој му е додадена меласа за вкус и боја. Но, тоа не му додава екстра нутритивна вредност, ниту пак го декларира како поздрав тип на шеќер.

Десертите направени со мед не се “без шеќер”

Ако наидете на рецепти за колачиња “без шеќер”, а содржат мед или меласа, значи дека содржат шеќери.

Медот не е “природен” шеќер

Некои лица сметаат дека медот и јаворовиот сируп се природни засладувачи, во споредба со белиот шеќер. Но, ако лекарот Ви препорачува да јадете помалку шеќери, се мисли и на медот и јаворовиот сируп. Природните шеќери се оние кои природно се наоѓаат во составот на млечните производи (лактоза) и во овошјето (фруктоза). Медот, меласата, јаворовиот сируп, белиот шеќер, се додадени шеќери во храната и пијалоците, и затоа треба да се ограничени.

Кокосовиот шеќер не е суперхрана

Кокосовиот шеќер има понизок гликемиски индекс од белиот шеќер. Но, сепак има ист број на калории и грами шеќер како и белиот, а за да се постигне користа од нутриентите кои ги содржи, треба да се консумира во многу количини.

Меласата не е здрава храна

Меласата (blasckstrap) која е биопроизвод од последната фаза на екстракција на рафинираниот шеќер, содржи железо и калциум, но, таа е горчлива и не е баш слатка. Несулфурираната меласа, која се користи за пецива, содржи некои нутриенти, но, сепак, за да се постигне користа од нив, треба да се изеде во големи количини. Затоа, подобро е да најдете друг извор на железо и калциум.

Исхраната со намирници кои во својот состав содржат шеќери, не е здрава, без разлика каков тип на шеќер содржат. Одберете го оној кој вам ви одговара најмногу, но, користете го умерено.

На следниот линк дознајте за: Намирници кои не сте знаеле дека содржат толку многу шеќер

 

М.Д.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: