ИсхранаФизичко Здравје

ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ДОБРИТЕ БАКТЕРИИ: Исчистете го телото по користењето на антибиотици

Антибиотиците се лекови наменети за елиминирање на бактериите кои доведуваат до одредени болести во организмот.

Но, употребата на овие лекови, иако има свои позитивни страни сепак, доведува до ослабнување на имунолошкиот систем и ги уништува “добрите бактерии” кои се наоѓаат  во организмот и се од суштинско значење за нашето здравје.

Антибиотиците не ги уништуваат само патогените бактерии туку и претходно спомнатите “добри бактерии” (кои го помагаат варењето на храната, создавањето неуротрансмитери, синтеза на витамини….) па затоа, по терапијата потребно е брзо опоравување на организмот, особено доколку сте користеле поширок спектар на антибиотици.

Чистењето на организмот подразбира секојдневен труд, но на тој начин ќе успеете да одржите рамнотежа помеѓу бактериите и габите, поточно кандидата, која може многу да му наштети на вашето здравје.

Постојат неколку начини како да го вратите и зајакнете имунитетот и да го исчистите телото од антибиотици:

  1. Еден од најдобрите начини за започнување на процесот на чистење на организмот е да консумирате храна богата со антиоксиданси. Се мисли на овошје и зеленчук (грав, брокула, пиперки, боровинки…). Таа храна ќе ги елиминира и отстрани остатоците од антибиотикот од клетките и крвта и ќе го подобри имунолошкиот систем. Оброците со овошје и зеленчук (најдобро би било свежо) треба да го сочинуваат најголемиот дел од исхраната, како би можело повторно да се воспостави баланс во организмот.
  2. По земањето на антибиотици, добро би било да се зема витамин Ц. Препорачаната доза на овој витамин е 500 мг. дневно.
  3. Исфрлете ги од исхраната преработените шеќери, храна, скробот, вештачките бои и вкусови, како и конзервансите, бидејќи тие се совршени за настанување и развивање на кандидата.
  4. Консумирајте минимум 2 л. вода дневно. Така ќе го исчистите црниот дроб и бубрезите, ќе го подобрите метаболизмот и ќе ја хидрирате кожата.
  5. Во текот и по употребата на антибиотиците вклучете пробиотски суплементи. Одберете квалитетни и проверени пробиотици, бидејќи стомачната киселина го елиминира поголемиот број на пробиотици. По завршувањето на антибиотската терапија, консумирајте домашни ферментирани производи (јогурт и кефир) кои ќе ја обноват вашата цревна флора.

A.T.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: