Исхрана

Ви откриваме трик пред оброците кој гарантира слабеење

Секоја внесена калорија помалку од вкупниот потребниот број за функционирање на телото во текот на денот, значи само едно нешто, активирање на процесот за претворањето на масните наслаги во енергија или со други зборови – слабеење.

Затоа, луѓето кои имаат проблеми со прекумерната тежина и кои сакаат да ослабат, треба со многу внимание да се фокусираат токму на ова прашање, за тоа како може што може побезболно во текот на денот да преживеат со минимален внес на калории или како ефикасно да изберат намирници и да ги распоредат оброците колку што е можно повеќе да го избегнат чувство на голема глад во текот на денот.

Далеку наједноставен но докажано ефикасен начин за решавање на овој проблем е едноставен: вода за пиење половина час пред секој оброк.

Експертите препорачуваат пиење еден до две чаши вода пред јадење, што не само докажано го намалува внесот на калориите на дневна основа за околу 13 посто и исто така многу добро е за функционирањето на органите на варење.

Ако на сево ова го додадеме и фактот дека поголемиот дел од луѓето во текот на денот пијат помалку од препорачаните 2 литри вода, што се оптимални за функционирање на сите ткива и процеси во телото, овие мали измени навистина имаат голема тежина.

Затоа пред секој оброк ви порачуваме да пиете по една чаша обична вода.

 

 

Н.Н.

error: