Исхрана

6 совети за здрава и правилна исхрана

совети за здрава исхрана

1. Јадете разновидна храна

Треба да конзумирате не само месо, туку и риби и не само салати туку и варен зеленчук, свежо овошје и овошни сокови. Посебно значење има зрнестата храна и храната од цело житно зрно.

2. Јадете доволно груба храна која е богата со растителни влакна

Секогаш кога е можно, користете леб, пециво и тестенини од интегрално брашно со додаток на трици. Користете повеќе суво овошје и ореви, било за оброк или како додаток за појадок, пудинзи и сутлијаш.

Барем еднаш или двапати неделно конзумирајте грав, грашок или леќа, бидејќи тие се богати со есенцијални протеини и корисни јаглени хидрати. Тестенините од интегрално брашно имаат низок гликемиски индекс и може добро да ве заситат особено ако не ги преварите.

Лешници, бадеми и ореви обезбедуваат енергија и чувство на ситост. Тие содржат важни амино киселини, витамини од Б групата и незаситени масти. Поради својата калориска вредност мора да се користат во умерени количини, по можност како меѓу оброк.

Особено мора да се нагласи важноста на овесните снегулки, бидејќи тие се богати со протеини, калциум, железо и фолна киселина. Овие супстанции даваат долготрајно чувство на ситост и го намалуваат холестеролот во крвта.

3. Намалете го внесувањето на масти, особено од животинско потекло

Избегнувајте пржена храна, обработени масни меса и полномасни сирења, путер, маргарин и кајмак.

Маслиновото масло е задолжителна намирница. Изобилува со полинезаситени масни киселини кои го штитат срцето и крвните садови. Ладно цеденото масло е со исклучителен квалитет што се губи со загревање и затоа треба да се користат само како прелив.

4. Намалете ја потрошувачката на засладена храна и пијалаци

Исфрлете го белиот шеќер од вашата исхрана и заменете го со природни засладувачи како мед, малтекс или фруктоза. Користете овошни сокови без засладувачи.

Темната, горчлива чоколада е поздрава од млечната. Содржи помалку шеќер, но и теобромин, супстанца која позитивно влијае на расположението.

Предност дадете му на сувото овошје, посните колачи и бисквитите од цели житни зрна, засладени со природни засладувачи.

5. Конзумирајте умерено количество на алкохол

На мажите им се препорачува најмногу 2 чаши вино или пиво на ден или една чаша жесток алкохол.

6. Консумирајте помалку сол

Храна која се смета дека има многу сол се сите производи од месо, концентрати за супа, зачини, сирење, солени грицки, сушено месо и риба, конзервирана риба, итн.

Би можело да ве интересира и: Семиња кои мора ги вметнете во исхраната

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: