Исхрана

Што се случува со телото при прекумерна употреба на сол?

Доколку едвај успеавте да се помирите со фактот дека шеќерот е штетен за вашето здравје, ова најверојатно ќе ве погоди уште повеќе: солта е многу поопасна.

Количината на сол која во текот на денот ја внесуваме во организмот е во директна врска со нашиот крвен притисок.

Зошто? Затоа што солта ја апсорбира водата.

Вишокот на сол во телото се врзува за водата во крвта, правејќи ја крвта погуста, а со тоа се отежнува и циркулацијата, бидејќи срцето мора да пумпа побрзо и посилно. Како последица на тоа се јавува покачен крвен притисок, а што е притисокот повисок, тогаш срцето, артериите, бубрезите и мозокот се напрегнуваат повеќе.

Може да доведе до срцев удар, деменција и проблеми со бубрезите.

Артериите се задебелуваат, што може да претставува поголема опасност доколку веќе се запушени.

Зголемениот притисок може да предизвика и ангина пекторис, бидејќи во тој случај, до ќелиите на срцето не пристигнува доволно кислород.

Претераниот внес на сол штетно влијае на мозокот, бидејќи циркулацијата е ослабната, а тоа со текот на времето, доведува до деменција и други болести.

Доколку јадете многу солена храна, а примате терапија со диуретици, имајте предвид дека солта ќе ја намали ефикасноста на лековите.

Колку сол смеете да внесете во текот на денот?

Препорачливо е внес до 6 гр. во текот на еден ден, а тоа е отприлика една рамна кафена лажичка.

За децата се препорачува минимална употреба на солта и тоа во исклучително мали количини. Бебињата, до својата прва година не би требало да јадат храна зачинета со сол, бидејќи нивните бубрези не се доволно развиени за да можат да ја преработат солта.

За децата на возраст од 1-3 години се препорачува внес на сол до 2 гр. во текот на еден ден,

Децата од 4 -6 години можат да внесат до 3 гр. сол во текот на денот, на возраст од 7-10 до 5 гр., а децата постари од 11 години можат да внесуваат иста количина на сол како и возрасните – до 6 гр. во еден ден.

error: