Исхрана

Што не смеете да јадете според крвната група

Многу истражувачи сметаат дека исхраната би требало да се планира според крвната група.

Врската помеѓу исхраната и здравјето е таква што, крвната група – 0, А, Б или АБ, ја одредува способноста на организмот да ги апсорбира нутриентите, се бори против болестите и стресот.

Во исхраната по крвни групи, намирниците се поделени на 16 различни категории : месо и живина, морски плодови, млеко и јајца, масла и масти, јаткасти плодови и семиња, грав и мешункасти плодови, житарки, леб и пекарски производи, тестенини, овошје, зеленчук, сокови, зачини, билни чаеви, мирудии и мешани напитоци.

За секоја крвна група, намирниците се делат на препорачливи, неутрални и оние кои треба да се избегнуваат. Врз основа на тоа, се формира список на намирници кои помагаат за превенција на различни болести или за намалување на вишокот килограми.

Што е дозволено, а што не смеете да јадете според крвната група

 

О крвна група

Исхраната на лицата кои имаат О крвна група треба да се состои од намирници од животинско потекло и зеленчук. Намирници на кои треба да се обрати внимание се говедското месо, јагнешкото, мисиркиното, пилешкото, сировото месо и рибата. Исто така, дозволени се и сите видови на овошје. Овие лица треба да избегнуваат млеко и млечни производи, леб и пченични тестенини, зелка и пченка.

А крвна група

Луѓето со крвна група А би требало да консумираат поголема количина на намирници од растително потекло, зеленчук, соја, грав и сите останати житарки. Шумското овошје и сливите се препорачливи, а дозволено е и повремено консумирање на пилешко месо и ферментирани млечни производи. Од исхраната, би требало да ги елиминираат месните производи, полномасните млечни производи, пиперките, доматот и тропското овошје.

Б крвна група

Најголема прехрамбена разновидност е дозволена кај лицата со крвна група Б. Овие лица можат слободно да јадат риба, пилешко, јагнешко, говедско месо, млечни производи, зелен зеленчук, житарки и сите видови на овошје, а би требало целосно да ги исфрлат од исхрана школките, шунката и сланината. Исто така, препорачливо е да се намали внесот на пченица, ‘рж, патлиџан и пченка.

АБ крвна група

Лицата со крвна група АБ можат да јадат јагнешко, мисиркино месо, млечни производи, јајца, ориз, соја, сливи, цреши, а треба да избегнуваат чадено месо и да го ограничат внесот на говедско месо, пченица, пченка, тропско овошје и банана.

 

error: