Исхрана

Што да избегнувате за да ги отстраните масните наслаги околу стомакот?

Многу жени се жалат дека иако се придржуваат на строг режим на исхрана и тренинг, никако не успеваат да се ослободат од високот масни наслаги на стомакот. Причината за тоа можат да бидат навиките со кои сами себе успорувате на патот до целта.

Ова се петте најчести причини поради кои се дебелеете околу стомакот и не можете тоа да го спречите:

Недостаток на магнезиум

На телото му е потребно магнезиум за да обезбеди нормална работа на срцето, нервниот и мускулниот систем, а учествува и во активирање на повеќе од 300 ензими кои регулираат бројни процеси во телото. Исто така, магнезиумот влијае и на губењето килограми и обликувањето на телото.

Совет: Конзумирајте храна богата со магнезиум како зелени зеленчуци, грав, и јаткасти плодови.

Премногу сол

Ако после солен оброк чувствувате надуеност, не се чудете – премногу сол во организмот предизвикува преместување на водата од крвотокот во кожата. Неверојатен е податокот дека повеќе од 90% ја надминуваат препорачаната дневна доза на сол, која изнесува само 4 грама, што додатно го отежнува слабеењето околу стомакот.

Совет: избегнувајте додавање сол во храната – намирниците содржат точно колку што е потребно. Ако баш не можете без тој вкус, користете зачини како чили, бибер, ѓумбир, рузмарин, или цимет.

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци се вистинска ризница на празни калории, кои и тоа како го зголемуваат обемот на вашиот струк. Само две чаши од овие напитоци дневно предизвикуваат собирање на масните наслаги во пределот на стомакот. Големата количина на шеќер во нив го зголемува апетитот, па дури и јадете повеќе отколку што ви е потребно.

Совет: Свртете се кон здравата алтернатива – пијте природни овошни сокови. Исто така, држете се до правилото осум чаши вода на ден, и почесто пијте чаеви без шеќер.

Недоволно сон

Ако сте постојано уморни и ненаспани, не е ни чудно што не можете да ослабете. Истражувата покажале дека жените кои спијат само пет часа имаат 32% повеќе шанси да имаат прекумерна тежина. Поради недостатокот на сон во текот на денот јадење повеќе масна храна, бидејќи се лачи повеќе грелин, хормонот на гладта.

Совет: За да го регулирате апетит, спијте од седум до девет часа во текот на ноќта. За да имате квалитетен сон, од собата отстранете ги сите уреди и проветрувајте секој ден. Собата држете ја поладна од остатокот на сонот. Навечер избегнувајте кофеин и потрудете се секој ден да станувате во исто време.

Погрешни маснотии

Телото не реагира исто на сите маснотии – вишокот на заситени масти го зголемува наталожувањето на масни наслаги. Од друга страна, незаситените масти кои содржат омега-3 масни киселини делуваат позитивно на телото и линијата.

Совет: Водете сметка за внесот на маснотии и избалансирајте ја исхраната, бидејќи премногу масти од било која врста нема да имаат добар ефект на вашата фигура.

error: