Шејкови

Вкусен шејк од портокал за одличен старт на денот

Овој шејк изобилува со витамин Ц и Калиум.

Од портокалите во комбинација со банана се добива густ и вкусен пијалак за будење наутро или како меѓу оброк во средина на долг работен ден.

СОСТОЈКИ:

  • 150 гр портокал (1 средна големина)
  • 50 гр банана (1/2 средна банана)
  • 30 гр протеин од сурутка со вкус по ваш избор
  • 1 дл млеко 0,5 масленост
  • 0,5 дл вода

*неколку коцки мраз по потреба

ПОДГОТОВКА:

Излупениот портокал со исецканата банана се миксира во блендер, потоа се додаваат останатите состојки.

За декорација можете да изрендате кора од портокал.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ:

  • Калориска вредност: 237 kалории
  • Протеини: 30 гр
  • Масти: 3 гр
  • Јаглехидрати: 32 гр
  • Влакна: 4 гр
error: