Шејкови

Шејк со мед и цимет

Овој шејк е полн со протеини и превкусен. Направете го овој шејк и додадете една рака житарки. Ете брз и лесен појадок, кој ќе ви даде енергија до ручекот.

СОСТОЈКИ:

  • 1 пакување (150 гр) јогурт со ниска масленост
  • 1/2 чаша млеко со ниска масленост
  • 1 мала лажичка морско оревче во прав (количина по вкус)
  • 1 мала лажичка цимет
  • кокосово брашно според вкус
  • 1 смрзната или свежа но исецкана зрела банана со средна големина
  • 1 лажичка мед

*Можете да додадете јаткасто овошје (ореви,бадеми или лешници) и добивате целосен оброк.

ПОДГОТОВКА:

Сите состојки освен јогуртот ставете ги во блендер и мешајте 2 минути додека смесата стане хомогена.

Потоа додадете го јогуртот и блендирајте додека смесата не се изедначи.

Со овој шејк може да земете мешавина на овес, ленено семе, семки од тиква, ‘ржени снегулки, јачмен, соини снегулки итн.

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ:

  • 200 мг калциум
  • 212 калории
  • 3.6 гр масти
  • 14.2 гр протеини
  • 32 гр јаглени хидрати
  • 2 гр влакна
error: