Шејкови

Мултивитамински шејк со микс од овошје и зеленчук

Мултивитаминска бомба за добро утро. Ова смути е полно со витамини и минерали.

По желба можете да му додадете и протеин од сурутка особено оние што интензивно вежбаат и да си го користат како замена за оброк или меѓуоброк.

СОСТОЈКИ:

  • 1 мала свежа краставица
  • 1 портокал или половина чаша исцеден сок од портокал
  • 1 лажица мед
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша свежи или замрзнати рибизли
  • 1/2 цвекло со средна големина
  • 1 мала свежа краставица
  • 1 парче целер
  • неколку листови кељ

ПОДГОТОВКА:

Сите состојки се вметнуваат во блендер и се миксаат додека смесата не се изедначи.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ (по чаша):

  • 332 калории
  • 18 гр протеини
  • 8 гр масти
  • 1 гр заситени масти
  • 105 мг натриум
  • 53 гр јаглени хидрати
  • 9 гр влакна
  • 34 гр шеќер
error: