Рецепти

Здрава варијанта на омилениот вкус: Веге бајадера без шеќер

бајадера без шеќер

Потребни состојки за долна кора:

  • Една шолја сушени урми
  • Една лажица какао во прав
  • Една ипол шолја лешници или бадеми оставени преку ноќ во вода

Потребни состојки за крем:

  • Пет лажици кокосово масло
  • Четири лажици агавин сируп
  • Една лажица ванила
  • Половина шолја вода
  • Две шолји индиски ореви

Потребни состојки за глазура:

  • Три лажици кокос
  • Две лажици какао во прав
  • Половина шолја путер од какао

Подготовка:

  1. Бадемите сомелете ги на крупно, и во нив додајдте ги урмите и какаото. Убаво измешајте додека смесата не се соедини, а потоа ставете ја на калап и обликувајте кора.
  2. Сите состојки за кремот мешајте ги додека не се соединат. Прелијте ја смесата преку кората и оставете во фрижидер.
  3. За глазурата, растопете го путерот и додадјте ги останатите состојки. Добро измешајте, па прелијте го преку кремот и оставете го повторно во фрижидер за да се зацврсти.

Добар апетит 🙂

Би можело да ве интересира и: Брзо и лесно тирамису по рецептот на Гордон Ремзи

error: