Рецепти

Торта од кокос без шеќер и брашно

Немате доволно време за да зготвите нешто вкусно? Не грижете се, ние ќе ви откриеме еден рецепт за прекрасна, брза и лесна торта.

Најважно од сѐ е тоа што, оваа торта е здрава бидејќи не содржи брашно и шеќер а тоа е одлична вест, особено ако сте алергични на глутен.

Потребни состојки а торта од кокос:

  • 395 гр. кондензирано млеко
  • 3 јајца
  • ½ шолја кокосово млеко
  • ½ шолја кравјо млеко
  • 2 шолји кокосово брашно

Начин на подготовка:

• Загрејте ја рерната на 180 степени
• Измешајте ги кондензираното млеко, јајцата, кокосовото и кравјото млеко
• Додадете кокосово брашно
• Ставете во огноотпорна тава и печете околу 25 минути.
• Декорирајте по желба со бадеми, лешници или топено чоколадо

Уживајте во неодоливиот вкус на оваа прекрасна и здрава кокосова торта.

error: