Рецепти

Солени цветови полнети со сирење и спанаќ (Видео)

За сите љубители на тестенини, ви даваме предлог, како да направите меки и вкусни цветови, полнети со сирење и спанаќ.

Потребни состојки:

• 400-500 гр. брашно
• 20 гр. квасец
• 2 јајца
• 300 мл. млеко
• 50 мл. масло
• 1 лажичка шеќер
• Сол

Подготовка:

Растопете го квасецот во млако млеко, додадете шеќер, 1 јајце, брашно, масло и замесете меко тесто. Оставете да нарасне, па исечете го на коцки.
Обарете го и исецкајте го спанаќот, додадете ги сирењето и јајцето, па измешајте. Исечете ја со нож секоја коцка од секој агол до средината и нанесете од филот. Со секој агол од коцката обвиткајте го филот, како што е прикажано во видеото.
Премачкајте со жолчка, оставете малку да нарасне, па печете на 200 степени околу 30 минути.

 

error: