Рецепти

Посно: Поховани риби без јајца

Доколку постите, а имате желба да вкусите похована храна – тоа што не се користат јајца, не е пречка да го подготвите посакуваниот оброк.

Се што ви е потребно е:

• 4 филети ослич
• 100 мл. пиво
• 200 гр. брашно
• Сол и бибер
• Презла
• Посен мајонез
• Кисели краставички

Начин на подготовка:

Ставете ги одделно во 3 тањири: брашното, презлата и смесата од пиво и брашно, а филетите посолете ги.
Панирајте ги филетите така што прво ќе ги потопите во брашното, па во смесата од пиво и брашно и на крај ќе ги извалкате во презлата. Пржете во фритеза или на шпорет во врело масло. Филетите можете да ги послужите со посен мајонез со изрендани кисели краставички.

Брзо, вкусно и лесно. На здравје !

 

error: