Рецепти

Посни медењаци со мармалад

Иако постите, сепак не мора да си ги скратувате слатките задоволства. Има куп рецепти кои не мора да се масни за да се вкусни.

Потребни состојки за посни медењаци:

  • 400 грама бело брашно
  • 140 грама шеќер во прав
  • 60 грама посен маргарин
  • 5 лажици мед
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 кафена лажица цимет

Подготовка:

Сите состојки изматете ги убаво со миксер се додека не се соедината. Од смесата направете форма по избор, и во средина нанесете мармалад по ваш вкус. Печете на 200 степени, додека не се заруменат, околу 15-тина минути.

 

 

Н.Н.

error: