Рецепти

Посна торта со бисквити, десерт готов за само 20 минути (Видео)

посна торта со бисквити

За подготовка на оваа превкусна посна торта со бисквити, потребни ви се 20 минути.

Состојки:

• 800 гр. посни бисквити
• 2 кесички пудинг од ванила
• 200 гр. шеќер
• 1 л. вода
• 200 гр. посен маргарин
• 200 гр. посно чоколадо
• 200 гр. мелени ореви (и уште малку за декорација)

Подготовка:

  • Во 200 мл. вода измешајте ги пудингот и шеќерот, па ставете ги во 800 мл. зовриена вода и гответе околу 1 минута или додека не се згусти. Тргнете го пудингот од шпоретот и ставете ги маргаринот и чоколадото да се растопат.
    Земете мало тавче и обложете го со фолија, наредете 200 гр. бисквити, премачкајте со 2-3 лажици фил и така сѐ до крај. На крајот не премачкувајте со фил. Горниот дел од бисквитите премачкајте го со малку вода, па покријте со фолија и оставете ја тортата неколку часа во фрижидер за да се затегне.
    Потоа, ставете ја тортата на тацна, премачкајте ја со фил и вратете ја во фрижидер уште еден час. Посипете ја со мелени ореви или рендано посно чоколадо или декорирајте по желба.

Би можело да ве интересира и: Шарени кифлички со ореви (ВИДЕО)

error: