Рецепти

Посна погача со компири (Видео)

Оваа погача можете да ја јадете врела или да почекате да се излади, па да ја исечете на парчиња исто како лебот.

Потребни состојки:

• 40 гр. квасец
• 400 мл. млака вода
• 700-800 гр. брашно
• 2 лажички сол (+да се посоли компирот)
• 2 лажички шеќер
• 100 мл. масло
• 4 средни компири
• 150 гр. посен маргарин
• 3-4 лажички посен мајонез
• Сусам

Начин на подготовка:

• Сварете го компирот со лушпа. Оставете да се излади и излупете го.
• Во вангла изрендајте квасец, измешајте го со шеќер, 3 лажички брашно и 100 мл. млака вода, па оставете го на топло да стаса.
• Потоа, додадете го остатокот од водата и маслото, промешајте па додадете брашно. Прво помала количина, промешајте со лажица, додајте сол и остатокот од брашното или онолку брашно, колку што мислите дека е доволно за да се формира тесто.
• Оставете да стаса околу 30 минути.

Тестото премесете го и поделете го на 8 парчиња и секое парче тенко расукајте го. Во округло тавче ставете хартија за печење или премачкајте со масло, па наредете кора, малку рендан компир, неколку лажички растопен маргарин, сол и така се до крај.
Засечете ја погачата на неколку места и оставете да достаса. Премачкајте ја со мајонез, ставете сусам и печете на 200 степени околу 40 минути.
Уживајте во одличниот вкус на погачата.

 

error: