Рецепти

Помфрит за ‘диеталци’

Сите Вие кои се грижите за своето здравје и добрата линија на телото, конечно можете да уживате во ПОМФРИТ без ниту една капка масло, ако го пробате овој едноставен рецепт.

Сè што Ви е потребно е компир, белка од јајце и зачини по Ваш вкус.

Компирот излупете го, исецкајте го како за помфрит за пржење, провалкајте ги во разматената белка, во која можете да додадете различни зачини по вкус.

Така подготвениот компир ставете го во тава, претходно обложена со хартија за печење. Ставете го во загреана рерна и печете на температура од 220 степени, сè додека компирот не порумени.

Помфритот ќе биде крцкав како да сте го пржеле, но, здрав, и можете да го јадете без да имате грижа на совест.

Дури ни децата нема да приметат разлика.

Уживајте во здравиот помфит Вие и целото семејство!

 

 

М.Д.

 

 

error: