Рецепти

Полнета векна со кашкавал (ВИДЕО)

Одлична идеја за вечера. Во комбинација со јогурт, вкусот е совршен.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 200 мл. јогурт
  • малку млеко
  • 20 гр. квасец
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Квасецот и шеќерот растопете ги во малку млеко, додадете го јогуртот, 2 лажици масло, брашно, сол и замесете меко тесто.

Оставете тестото да нарасне. Штом ќе биде готово, развлечете го тестото и исечете 4 ленти, па нанесете го кашкавалот, завиткајте одозгора и ставете го во векната. Загрејте го тавчето и обвиткајте го со хартија за печење. Откако ќе го направите сето ова, ставете ја векната во тавчето и оставете да отстои уште 15 минути, па печете на 200 степени околу 35 минути.

 

error: