Рецепти

Куглоф на пријателството

Добрата дружба и испиената шоља црно кафе е добра комбинација со овој прекрасен колач кој зближува со секој негов залак.

Потребни состојки:

  • 500гр. брашно
  • 250гр. шеќер
  • 3 јајца
  • 50гр. суво грозје
  • 250гр. зејтин
  • 250мл млеко
  • 50гр црна чоколада
  • 100гр мелени ореви
  • ½ сода бикарбона
  • ½ цимет
  • ½ пециво
  • 1 ванила

Начин на подготовка:

Јајцата се матат заедно со шеќерот, а потоа постепено се додаваат останатите состојки. Смесата се става во премачкан калап со зејтин и презла.

Се пече на 180 степени 10 минути, а потоа се пече уште 1 час на 150 степени.

Откако ќе се излади се посипува со шеќер во прав.

Добар апетит, споделувајте го овој колач и вашето пријателство ќе биде вистинско.

error: