Рецепти

Како да направите принцес крофни: најомилениот деликатес на сите генерации!

Состојки:

  • 250 мл. вода
  • 125 мл. масло
  • 150 гр. брашно
  • 4 јајца
  • прстофат сол
  • 1 лажичка шеќер
  • ½ лажичка прашок за пециво

Фил:

  • 1 л. млеко
  • 3 пакетчиња пудинг
  • 6 лажици шеќер

За декорација:

  • шеќер во прав (по желба)

Начин на подготовка:

  • Во метален сад ставете вода, додадете масло, сол и шеќер и ставете да проврие. Промешајте, па додадете брашно и изматете со миксер или лажица.
  • Кога ќе се излади, јајце по јајце додавајте во тестото и мешајте со миксер додека смесата не се соедини.
  • Тестото можете да го ставите во шприц за декорирање торта и со него да правите крофнички или вадете го тестото со лажица и о=потоа обликувајте.
  • Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги крофните додека не зацрвенат. Откако ќе бидат готови, отворете ја вратата од рерната и држете ја така неколку минути, па извадете го тавчето.
  • Изматете пудинг или фил по желба, па кога ќе се излади, со него полнете ги крофничките.
  • Пресечете ги крофничките на половина и полнете ја шуплината со шприц за декорирање. Наросете ги крофните со шеќер во прав или растопено чоколадо.

 

 

error: