Рецепти

Како да направите превкусни погачки со сирење (Видео)

Доколку очекувате пријатели во вашиот дом, погачките со сирење се одлична закуска за добредојде.

Сè што ви е потребно за да ги подготвите е:
• 350 гр. ситно кравјо сирење
• 250 гр. масло или маргарин
• 1 јајце
• 300 гр. брашно
• 1 лажичка сол

Премаз:
• 1 јајце
• сусам

Начин на подготовка:

  • Ставете го кравјото сирење во сад за мешање и додадете го маслото или маргаринот исецкан на мали парчиња. Кратко промешајте, додадете го јајцето и повторно промешајте.
  • Додадете ги брашното и солта и замесете тесто.
  • Тестото покријте го со фолија и ставете го во фрижидер да отстои минимум 3 часа, а подобро е доколку отстои и преку ноќта.
  • Оладеното тесто пресечете го на половина и едната половина вратете ја во фрижидер.
  • На брашнеста подлога растегнете го тестото на дебелина од околу 5мм. и посипете малку брашно по површината на тестото.
  • Преклопете го тестото на половина и на него посипете малку брашно, па преклопете го уште еднаш за да се добијат еднакви делови на тесто.
  • Повторно растегнете тесто на дебелина од околу 5 мм. и преклопете го на 4 дела, па растегнете го на околу 1 см. дебелина и со калап или чашка правете облици.
  • Внимавајте тестото да биде ладно.
  • Исечените погачки ставете ги во тавче обложено со хартија за печење.
  • Премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам.
  • Печете ги погачките во загреана рерна на 200 степени 25 минути се додека не добијат златно-жолта боја.

Уживајте со пријателите.

error: