Рецепти

Диетални колачи кои не треба да се печат

Одлични како меѓуоброци кои ќе ве држат сити околу 2 часа.

Состојки:

  • 1 чаша овесни снегулки без глутен
  • лажица млеко во прав и лажица какао или 2 мерици протеин од сурутка во прав (со вкус на чоколадо) или
  • 1/3 чаша несолени кикирики
  • 1/4 чаша органски несолен путер од кикирики
  • 1/4 чаша стопено масло од кокос
  • 4 суви урми без семки
  • 3/4 чаша + 2 лажици топла вода

Подготовка:

На сад постелете хартија за печење и оставете го на страна.

Во друг голем сад измешајте ги заедно овесот, млекото во прав, какаото (или протеинот во прав) и кикириките.

Се останато става во сад со сувите состојки и се меша додека не се изедначат. Тесто ќе биде прилично дебело.

Ако има грутки додадете вода со лажица и продолжете со мешање.

Со лажица вадете форми и со раце направете топчиња со големина на голф топче.

Редете ги на веќе подготвениот сад врз хартијата за печење.

Потоа од горе израмнете ги со раце или лажица.

Ставете ги во фрижидер да се зацврстат и по еден час можете да ги послужите.

Треба да добитете окулу 15 колачиња.

Нутритивни вредности (по колаче):

  • 153 калории
  • Масти: 8.8 гр
  • Натриум: 0 мг
  • Јаглехидрати: 12 гр
  • Шеќери: 3.5 гр
  • Диетални влакна: 2.9 гр
  • Протеини: 9.4 гр
error: