Рецепти

Диетална торта со јагоди и банани – совршено летно освежување

диетална торта

Оваа диетална торта од банани и јагоди која не треба да се пече е вистинско освежување во топлите денови. Можеме да јадеме онолку колку што сакаме, бидејќи нема шеќер, ниту страв дека ќе добиеме килограм повеќе.

Состојки:

За основа:

  • 3 банани
  • 2 чаши замрзнати јагоди
  • 1-3 лажици кокосово масло (незадолжително, но ова ќе го направи покремасто)

Надворешен крем:

  • 2 чаши индиски ореви
  • 2 чаши урми
  • 1 излупен портокал
  • 2 лажици стопено кокосово масло
  • вода, ако е потребно

Подготовка:

За основата:

Ставете ги бананите во блендер, а потоа додадете ги замрзнатите плодови и блендирајте додека смесата не се соедини. Во помал калап за торта ставете ја смесата. Во фрижидер, замрзнете ја се додека не стане цврста.

Крем слој:

Измешајте ги сите состојки во блендер додека смесата не се соедини, додавајќи малку вода ако е потребно. Колку помалку вода ќе додадете, содржината ќе биде повеќе кремаста. Користете поголем калап за торта, внатре ставете го замрзнатиот слој и потоа нанесете го крем слојот на двете страни и на врвот. Замрзнете ја до цврста состојба, декорирајте, исечете и уживајте! Чувајте ја во фрижидер. Добар апетит 🙂

Би можело да ве интересира и: Здраво и вкусно: ‘ржан леб без квасец

error: