Рецепти

Чоколаден пудинг кој го смалува холестеролот

Ова е рецепт за пудинг кој го препорачуваат бројни нутриционисти. Станува збор за вкусен десерт кој го смалува нивото на лошиот холестерол во крвта, го поттикнува варењето, и заситува. Сето тоа го прави совршено средство за слабеење.

Основна состојка на овој пудинг е чиа семето, кое е богато со омега 3 и омега 6 масни киселини. Токму заради своите хранливи вредности, овој пудинг можете да го јадете за доручек, ужина или вечера.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 150 милилитри оризово, кокосово или бадемово млеко
  • 2 лажици чиа семе
  • 2 лажици какао
  • 2 зрели банани
  • Четвртина лажичка екстракт од ванила

Припрема:

Чиа семето потопете го во млеко, и оставете го да набабри околу 15 минути. Кога ќе набабри комплетно, ставете ги во блендер заедно со другите состојки, и убаво изблендирајте. Оладете го добро во фрижидер.

 

 

Н.Н.

error: