АлтернативаРецепти

Билерова супа – лековит и вкусен начин да се започне денот

Доктор Хенри Билер бил амерички визионер, доктор, и автор на книгата “Храната е најдобар лек“ во која наведува методи на лечење на болестите преку исхраната. Тој верува дека телото има способност да се излечи само.

Неговата прочуена супа е богата со калиум, па го алкализира телото и го стимулира црниот дроб и надбубрежните жлезди. Исто така помага и на панкреасот да го контролира шеќерот во крвта.

Додавајќи загреано масло во супата може да добиете и бројни додатни лековити својства. Смалување на воспаление, подмачкување на сврзното ткиво и зајакнување на имунитетот се едни од нив, а се верува и дека ја подобрува меморијата и помага во развивање на интелигенција.

Оваа супа е најдобриот начин за детоксификација на телото. Билеровата супа е добар начин да го започнете денот, но може и едноставно да ја додадете при ручекот.

Потребни состојки за Билерова супа:

  • 4 исечкани тиквички
  • 3 шолји боранија
  • 2 стебло целер
  • 2 китки магдонос
  • 250 милилитри филтрирана вода
  • Морска сол по вкус

Подготовка на Билерова супа:

  • Ставете ги водата, тиквичките, боранијата и целерот во лонец.
  • Оставете да зоврие, па намалете го оганот, и оставете така 30 минути, се додека зеленчукот не стане мек и сочен. Пазете да не преварите.
  • Оваа мешавина ставете ја во блендер заедно со магдоносот и водата, и добро испасирајте.

Доколку сте во можност, секогаш користете органски зеленчуци. Можете да додадете повеќе тиквички наместо боранија, и обратно. Исто така, во зависност од вашиот вкус, можете да ја згуснете или разбистрите супата. Важно е да се отстранат краевите од боранијата бидејќи блендерот не може убаво да ги испасира.

 

 

Н.Н.

error: