Исхрана

Со овие вкусни грицки нема да добиете ни грам повеќе

Ви спремивме листа со вкусни и диетални закуски кои можете да ги јадете колку што сакате!

Во време кога ни е најважно да бидеме фит, се одрекуваме од сите слатки и солени задоволства и “гревовите”. Но, што кога гладот ќе не притисне до ѕидот и главата не може да ја добие битката со празниот стомак?

Која ужина да ја конзумираме помеѓу оброците а да не ни наштети на нашиот режим на исхрана?

Еве идеална диетална ужина која што ќе ви ја задоволи гладта во деновите кога сте и објавиле војна на храната и сте одлучиле да изгубите на телесна тежина:

  1. Банана во растопено чоколадо: половина банана натопете во растопеното темно чоколадо. Уживајте!
  2. Една поголема шолја грозје.
  3. Шолја јогурт со мед и малку цимет.
  4. Еден портокал.
  5. 2-3 прстени од конзервиран ананас (или свеж).
  6. Шолја било кои бобинки (јагоди, малини, боровинки) со 2 лажици шлаг.
  7. 4 суви смокви
  8. Еден ред црна чоколада за готвење.
  9. Чаша (не преполна чоколадно млеко).
  10. Шолја полна со јагоди и малини прелиена со засладен сок од портокал.
  11. Мала чинија пудинг од чоколадо.
  12. 5 големи јагоди прелеани со 2 коцки топена чоколада.
  13. Безалкохолен коктел од тропско овошје: Во чаша измешајте искршен мраз, сок од ананас, сок од јаболко и сок од портокал.
  14. Банана шејк: Наполнете половина шолја со ситно исечена или изгмечена банана, четвртина јогурт и на крај додавате малку искршен мраз. Миксате додека смесата не се соедини.
  15. Печено јаболко: Јаболкото да го наполните со лажичка жолт шеќер и цимет а потоа ја печете во рерна.
  16. Пола шолја житарки и пола шолја млеко.
  17. Пет слатки крекери и половина шолја топло млеко (засладете со натрен).
  18. Кафе со млеко.
  19. 10 желе бонбони.
  20. 25 фстаци.

 

Н.Н.

error: