Нутриционизам

Зошто компирот е штетен за вашето здравје?

Доколку сте читале за гликемиски индекс, обидувајќи се да одберете храна која ќе има најмало влијание на шеќерот во крвта, храната како што е пр. компирот, може да биде многу конфузна.

Зошто компирот којшто има гликемиски индекс 90, го зголемува нивото на гликоза во крвта многу повеќе од белиот шеќер, кој има гликемиски индекс 59?

Постојат 3 работи кои даваат одговор на ова прашање:

  • Компирот содржи повеќе глукоза

Во компирот има повеќе гликоза отколку во шеќерот, а луѓето честопати грешат бидејќи не размислуваат за компирот како за нешто слатко. Скробот од компирот е составен од долга низа на гликоза. Бидејќи скробот од компирот многу брзо се вари, гликемискиот индекс на компирот е скоро ист како оној од самата гликоза. Гликемискиот индекс на гликозата е 100, а на компирот  од 80 до 90.

Сахарозата (обичен кујнски шеќер) е, од друга страна, молекул дисахарид (два шеќера) составен од еден молекул глукоза и еден молекул фруктоза. Фруктозата различно се обработува во телото за разлика од гликозата и не влијае на нивото на шеќер во крвта, но фруктозата може да направи проблеми доколку ја внесувате премногу.

  • Гликемискиот индекс варира

Гликемискиот индекс на компирот можеби не значи многу за одредени лица.

Различни луѓе, различно реагираат на одредени намирници. Најважно е како телото реагира на компирот, а тоа можете да го дознаете со помош на мерач за глукоза во крвта.

  • Внимавајте на порциите

Компирот има многу нутритивни предности и неговото гликемиско оптеретување зависи од тоа, во колкава количина го консумирате и која друга храна ја јадете со компирот. Најчесто, компирот треба да се јаде како дел од оброкот а не како оброк.

 

А.Т.

error: