Нутриционизам

Урми – најдобрата храна за превенција од срцев удар

Урмите можат да го подобрат функционирањето на кардиоваскуларниот систем и да го намалат ризикот од висок крвен притисок, висок холестерол, срцев и мозочен удар.

Тие се богати со хранливи состојки како што се цинкот, железото, магнезиумот и калиумот. Исто така, содржат ниацин, рибофлавин, тиамин, фолна киселина, витамини А и К кои поддржуваат бројни телесни функции.

9 причини зошто урмите треба да бидат составен дел од вашата исхрана:

Помагаат за намалување на телесната тежина

Го забрзуваат варењето и метаболизмот и можат да доведат до намалување на телесната тежина. Сепак, тие содржат природни шеќери и треба да се консумираат во умерени количини.

Штитат од мозочен и срцев удар

Урмите се богати со калиум, а тој е многу важен минерал за нашето кардиоваскуларно здравје. Урмите го штитат срцето и крвните садови  и спречуваат појава на срцев или мозочен удар. На нашето тело му е потребно 400 мг. дневно калиум, а тоа може да се надомести и со една полна рака урми.

Го регулираат крвниот притисок

Урмите се богати со калиум а сиромашни со натриум, со што се обезбедува правилна функција на крвните садови и крвниот притисок.

Спречуваат дијареа

Калиумот во урмите ќе ја стабилизира цревната микрофлора и ќе ја подобри стомачната активност. На тој начин, урмите можат да превенираат од  појава на различни дигестивни проблеми вклучувајќи ја и дијареата.

Одличен извор на железо

100 гр. урми содржат 11 % железо, минерал кој е важен за создавањето на црвени крвни зрнца и доставување на кислород до клетките и ткивата. Консумирајте една шака урми секој ден и никогаш нема да имате проблеми со анемија.

Алкохолна интоксикација

Консумирањето алкохол во големи количини може да предизвика главоболки. Веднаш штом се разбудите , изедете полна рака урми и на тој начин ќе ја намалите главоболката и ќе го редуцирате непријатното дејство од мамурлакот.

Одлични се за здравјето

Урмите се одлични за здравјето,  бидејќи  го штитат срцето и целиот кардиоваскуларен систем.

Го регулираат нивото на холестеролот

Редовното консумирање на урми ги држи под контрола крвниот притисок и холестеролот и  го смалува нивото на лошиот холестерол. Исто така, го регулира шеќерот во крвта и штити од дијабетес, но заради високото ниво на шеќер во урмите, препорачливо е да јадете само по една полна рака урми на ден.

Спречува рак на дебелото црево

Редовното консумирање на урми може да ја спречи појавата на рак на дебелото црево.

Консумирајте ги урмите секојдневно, тие се благодет за вашето тело.

error: