ИсхранаНутриционизам

Што се случува кога не внесувате јаглехидрати?

Можеби ослабнавте со некоја диета, но, дали имате непријатен здив од устата или проблем со столицата?

Кога се обидувате да ослабнете, еден од можните начини е намалено внесување на јаглехидрати, па дури и комплетно избегнување. Но, пред да се одлучите за диета во која исклучиво се внесуваат масти и протеини, прочитајте за некои предрасуди, кои треба да се елиминираат.

Јаглехидратите се наоѓаат не само во намирници како лебот, тестенините, овошјето, туку и во јаткастите плодови, мешунки, зелена салата и брокула. Овошјето и зеленчукот се најдобар извор на јаглехидрати, затоа што содржат најмногу витамини, минерали и диететски влакна. Затоа, кога се вели дека треба да се премине на исхрана со малку јаглехидрати, пред сè, се мисли на намален внес на рафинирани шеќери, рафинирани житарици – како што се оние во тестенините, целозрнести житарици, како оризот и киноата. Целозрнестите житарици го зголемуваат шеќерот и инсулинот во крвта, но, до здрави вредности, не не и над нив.

Недоволното внесување на јаглехидрати значи и  недоволно внесување на пробиотици и вкупни диететски влакна во организмот.

Ако имате на ум веднаш да преминете на исхрана со мала количина на јаглехидрати, мора да знаете дека тие Ви се потребни за енергија, хранливи материи и влакна, па најдобро е да ги обезбедите преку извори – намирници кои ги содржат јалехидратите во мали количини, а се богати со хранливи материи – зеленчук, семки, јаткасто овошје (ореви, бадем, лешник, брусница, смоква, …). Водете сметка за дневниот внес на јаглехидрати да не биде помал од 20 грама. Помала количина од оваа, може да доведе до кетоза во организмот, проследена со мачнина, слабост и општа непријатност.

Ова се неколку можни непријатни ефекти, како резултат на намален внес на јаглехидрати, кои може да ги почувствувате:

Замор

Јаглехидратите им даваат енергија на мускулите. Особено е важно да се внесуваат пред и после физичката активност. Колку подолго вежбате, толку повеќе јаглехидрати Ви требаат, затоа што покачениот гликоген во мускулите, се поврзува со подобар ефект при вежбите за сила и издржливост.

Освен тоа, јаглехидратите му се потребни како храна и на мозокот. Тој користи околу 500 калории од јаглехидратите дневно, па ако нагло го прекинете нивниот внес, ќе почувствувате непријатни последици – функцијата на мозокот слабее и имате проблем со концентрацијата во текот на денот.

Промени во расположението и нервоза

Со оглед на тоа што јаглехидратите се најважни за производството на серотонин во мозокот – хормон кој го регулира расположението – веројатно ќе бидете и понервозни. Без доволна количина на јаглехидрати, нивото на шеќер опаѓа и доведува до лошо расположение.

Запек

Храната која содржи јаглехидрати, е и основен извор на диететски влакна, кои пак, помагаат во контролирање на нивото на шеќерот во крвта, намалување на холестеролот и поттикнување на правилна работа на цревата.

Ако не се внесува овошје, зеленчук, целозрнести житарици, може да добиете запек. За да го избегнете тоа, водете сметка да јадете овошје богато со влакна, како малини, капини, боровинки, јаболки, круши. Мешунките како грав, грашок, леќа, житарици и зимските тикви се исто така добар извор.

Непријатен здив од устата

Кога во Вашата исхрана нема доволно јаглехидрати, организмот почнува да ги согорува мастите, па така се ослободуваат кетони. Ацетонот, еден од кетоните, доведува до појавата да Вашиот здив биде киселкаст.

И сега, сигурно се прашувате -кој е правилниот начин за намален внес на јаглехидрати? Нема. Тие се неопходни и не треба се елиминираат од исхраната. Само прескокнете ги рафинираните шеќери и простиот скроб. Оставете ја крофната и земете јаболко!

Совети за проблемот со масните наслаги – прочитајте овде: Што да избегнувате за да ги отстраните масните наслаги околу стомакот?

 

 

М.Д.

error: