Нутриционизам

Колку месо е дозволено да конзумираме во текот на една недела?

Сите оние кои не можат да си замислат оброк без месо, а сакаат да се хранат здраво, треба да ги послушаат советите на стручните лица и да јадат само онолку колку што е препорачано.

Експертите препорачуваат максимален неделен внес од 300 до 600 грама. Тоа би било околу 31 килограм месо годишно.

Месото содржи многу важни прехранбени материи, како што се протеини, железо и цинк, па затоа е потребно во исхраната. Сепак, важно е да не се претерап. Треба да се знае и дека во саламите и колбасиците има многу маснотии кои се штетни за организмот.

Месото исто така содржи и холестерол, кој го поттикнува развојот на болести на кардиоваскуларниот систем, како и хормонот пурин, кој ја зголемува количината на мочна киселина во крвта, па може да предизвика гихт. Премногу црвено месо, како говедско, свинско, и овчо, го зголемува ризикот од рак на цревата.

Месото треба да се конзумира на начин на кој не мора секогаш да е главен оброк, туку прилог на зеленчукот. Треба и да се внимава со колку масло се подготвува.

 

Н.Н.

 

error: