Нутриционизам

Како да се хидрира организмот преку овошје и зеленчук?

Со оглед на фактот дека за повеќето луѓе вистински предизвик е земање на препорачаната дневна количина на вода, што овозможува оптимално функционирање на сите органи на телото, а со тоа и подобрување на надворешниот изглед на кожата, алтернативна хидратација преку исхраната е одлично решение.

Во суштина се работи за количина од два литри или осум чаши вода, а во просек, скоро секој застанува на малку повеќе од еден литар, би требале малку повеќе да се потрудите за да ја прескокнете бариерата и да ја постигнете препорачаната количина.

Овие намирници се сјајни помошници во тој предизвик

Краставици

Меѓу зеленчукот, краставиците може да се пофалат со тоа дека содржат веројатно најмногу вода. Тие се многу малку калорични а водата како основа е одговорна за тоа. Затоа, конзумирањето краставици може на добар начин да го хидратизира вашето тело, но исто така и да внесе витамини А и Ц, како и одредена количина на фолна киселина.

Калинка / нар

Припѓа на плодовите кои се неверојатно богати со витамини и антиоксиданси, а пред сè, вклучувајќи ги и влакната, основниот дел од масата на шипката претставува вода. Покрај сите бенефиции кои ни ги дава оваа специфична овошка исто така и ја чува кожата од дејството на сонцето.

Манго

Тропско овошје кое во нашата земја и не е толку популарно, но дефинитивно заслужува подобар статус а причина за тоа е изобилството на витамини и минерали содржани во неговата структура. Во мангото најмногу може да се пронајде витамин А, а интересно е дека одлично делува на проблематичната кожа со акни, бидејќи го ограничува производството на клетките на кожата која што е често проблематична. Освежувањето и хидратацијата која ја нуди го прават посебно привлечно.

Авокадо

Факт е дека авокадото во себе содржи значајни количини на масти, а не вода. Сепак тоа не го става во редот на намирници кои не ја помагаат хидратацијата, бидејќи всушност тие масти и влакна му помагаат на организмот да ја задржи водата.

Лубеница

Приказната за хидратација преку овошјето и зеленчукот, никако не може да помине без да ја споменеме лубеницата. Тешко е да се најде било кое овошје во природата кое толку многу освежува во текот на жешките летни денови а кога на сето ова ќе додадеме и дека е полна со витамини кои се поддршка на здравјето, лубениците се одличен избор.

 

 

К.М.

error: