Нутриционизам

Како да подготвите идеална вода со лимон

Водата со лимон е неверојатно освежувачка, и дава огромен поттик за работата на Вашиот метаболизам. Лимонот е преполн со здравствени предности, а посебно е голем извор на витаминот Ц. Една шолја свеж сок од лимон дава 187% од препорачаната дневна доза на овој витамин, а исто така нуди и добри порции на калиум и магнезиум.

Но, постои една честа грешка која повеќето луѓе ја прават. Тие не сфаќаат дека лимоновата кора е еден од најважните хранливи делови на овој плод. Луѓето најчесто го цедат сокот од лимонот во чаша, и додаваат малку вода. Сепак, тоа е погрешно.

Ова е рецептот за идеална вода со лимон:

Земете неколку свежи, по можност органски лимони. Исечете ги по ваша желба. Неколку од парчињата истискајте во чаша со вода. Изрендајте малку од кората на парчињата во водата.

Здравствените експерти велат дека водата со лимон помага во доброто варење на храната, ја успорува апсорпцијата на храната и се погрижува вашето тело да добие што е можно повеќе од храната за време на варењето.

Со припремање на лимонова вода правилно, максимално ќе ги искористите сите негови благодети.

 

Н.Н.

error: