Нутриционизам

Еве кои видови на храна мора да почнете да ги одбегнувате како што стареете

Цитрон

Можеби ќе ви звучи зачудувачки, но храната многу може да влијае на тоа колку и како функционират лековите кои ги пиете. Затоа, секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот доктор или фармацевт доколку треба да одбегнувате било каква храна. На пример, ако земате лекови за висок крвен притисок, несоница или пак анксиозност, сокот од цитрон може да го намали или пак зголеми дејството на лекот. Не заборавајте секогаш кога купувате сок да проверете што точно содржи затоа што многу од соковите содржат сок од цитрон. Сепак, витаминот Ц и калиумот што го содржат цитроните, можете да ги внесете и преку други цитрусни овошја како што се портокалите и лимонот.

Суров зеленчук

Доколку имате чувствителни, распаднати или пак ви недостасуваат заби, најдобро би било свежиот зеленчук да ви е на првото место на храна која мора да ја одбегнувате. Се разбира, не ви советуваме да се откажете од витамините и растителните влакна кои ги нуди зеленчукот, туку наместо свеж, наш совет е да го зготвите за да е помек. Или пак, од зеленчуци како што се морковите, тиквите или пак цвеклото, направете си пире, или изрендајте ги за во супа или чорба. Исто така, како адекватна замена е и конзервираниот зеленчук.

Грав

Некои луѓе го избегнуваат гравот поради тоа што им создава гасови и болка во стомакот. Ако комплетно го имате исфрлиле гравот од вашата исхрана, ние ви препорачуваме уште еднаш да ја преиспитате оваа одлука. Еве зошто. Гравот е одличен извор на растителни влакна, исто така е нискокалоричен а богат со протени и железо. Доколку почнете да додавате грав во вашата исхрана во мали порции и еднаш неделно, не би требало да имате проблеми. Исто така, во најблиската аптека можете да побарате и ензим за дигестија на храната кој оди без рецепта.

Алкохол

Веќе знаеме дека умереното пиење на алкохол може да го намали ризикот од срцев удар и некои видови на мозочни удари. Но, како што старееме, алкохолот почнува поразлично да делува, и покрај тоа што сте навикнати на чаша вино со ручекот. Сепак, алкохолот го нарушува сонот и го зголемува крвниот притисок, кај луѓето со дијабетес може да предизвика хипогликемија. Тој исто така може да влијае и на начинот на кој функционира лекот кој ви е препишан од доктор, поради тоа секогаш консултирајте се со вашиот лекар за употребата на алкохол.

Млечни производи

Како што стареете можно е и да ви се јави проблем со дигестија на млеко или некои млечни производи. Но мала е веројатноста да мора да се откажете од сите млечни производи и калциумот и протеините кои ги нудат. Многу од луѓето кои се осетливи на млеко и млечни производи можат да си дозволат конзумација во мали количини. Исто така  сè зависи и од типот на млечен производ, некои можно е да можете да ги толерирате повеќе од други. Најхранлив избор би биле нискомаслените јогурти и сирења. Доколу вашиот стомак не може да го поднесе ни тоа, тогаш побарајте млечни производи кои не содржат лактоза.

Кофеин

Не ретко кофеинот претставува проблем кај некои луѓе. Кофеинот може да го зголеми срцевиот ритам и да ви предизвика проблеми со спиењето. Исто така многумина се чувствуваат вознемирени или нервозни кога внесуваат пијалоци кои содржат кофеин. Ако се обидувате да се откажете од кафе и пијалоци кои содржат кофеин, направете го тоа полека и внимателно. Нагло прекинување на конзумација предизвикува главоболки, гадење и повраќање. Полека пијалоците со кофеин почнете да ги заменувате со вода, чаеви или безкофеинско кафе.

Некои видови на месо

Иако стекот е едно од најздравите меса, тој спаѓа и во месата кои најтешко се џвакаат. Хамбургерот пак, иако е полесен за џвакање, е многу полош избор кога станува збор за нутритивните вредности. Неговиот состав е 20-30% чиста маст. Поздрав а и полесен за џвакање избор се рибата и посното говедско месо.

Многу солена храна

Доколку имате над 51 година, тогаш препорачаното ниво на натриум кое треба да го внесувате е 2,300 милиграми на ден. Премногу натриум може да го зголеми крвниот притисок а со тоа има и поголем ризик за срцев и мозочен удар. Веќе се знае дека главни виновници за ова е процесираната храна како што се замрзнатта храна, грицките и слатките, сосовите и слично. Секогаш внимателно читајте го составот на тоа што го купувате и гледајте да пишува дека е без натриум или пак дека содржи малку сол.

Брокула, Карфиол, Зелка и Кељ

Многу од нас го одбегнуваат овој тип на зеленчук поради тоа што можат да предизвикаат гасови и болки во стомакот. Меѓутоа, тие се полни со витамин Ц, бета-каротин, растителни влакна, калциум, железо и фолна киселина. Исто така се верува и дека го намалуваат ризикот од рак. Доколку сте прекинале да ги конзумирате поради проблеми со гасови, ви препорачуваме да почнете да ги додавате во оброците но постепено и во мала количина. За ова може да помогне и поголема количина течности за време на оброкот.

Свежо овошје

Тешко е да јадете ‘јаболко на ден’ ако имате проблеми со забите и џвакањето. Но, ова не значи дека треба да се откажете од изобилството на витамини, растителни влакна и други хранливи материи кои ги нуди овошјето. Наместо тоа, можете да конзумирате конзервирано овошје без додаток на шеќер или сируп, или пак да јадете помеко овошје како што се бананите, дињите и бобинките. Добар начин на конзумирање на хранливите материи од овошјето е и приготвувањето на овошно смути.

 

 

К.М.

error: