Нутриционизам

Витамините од групата Б – еве зошто е исклучително важно секојдневно да ги конзумирате

Б витамин храна

Витамин Б1 – витамин на моралот

Витаминот Б1 спаѓа во групата на хидросолубилни витамини, се излачува преку вода, и потребно е секојдневно да се обновува.
Препорачана дневна доза за возрасни е 1,0 мг до 1,5 мг.
Поради неговото дејство врз нервниот систем, психичкиот статус и стресни ситуации, витаминот Б1 се нарекува витамин на моралот.Покрај ова дејство, витаминот Б1 се употребува во лечењето на херпес зостер и за ублажување на забоболки. При недостаток на овој витамин се јавува болеста бери-бери.

Најдобри извори на Б витаминот се: Пивскиот квасец, оризова арпа, цералии, интегрална пченица, ‘ржено брашно, кикирики, месо, млеко и млечни приозводи.
Витаминот Б1 најдобро делува во комбинација со останатите Б витамини и пантотенска киселина. Витаминот Б1 лесно се уништува при готвење и при земање на алкохол.

Витамин Б2 – витамин на виталностa

Витаминот Б2 спаѓа во групата на хидросолубилни витамини, лесно се отстранува од организмот, и како и останатите витамини потребно е да се внесува со храната.
Дневни потреби за возрасен човек се 1,2 мг до 1,7мг. За време на бременост и доење и земање таблети за контрацепција, потребно е да се земаат поголеми количини на витамин Б2.
Витаминот Б2 помага при растот и плодноста, при зачувувањето на здрава кожа и коски, зараснувањето на раните во устата и јазикот, подобрување на видот.

При недостаток на витаминот Б2 се јавува болеста арибофлавиноза со појава на ранички на устата, усните, јазикот, на кожата и гениталиите.
Најдобар извор на Б2 витамин е: пивски квасец, млеко и млечни производи, риба и јајце.
Витаминот Б2 е осетлив на светлина и алкохол. Најдобро делува во комбинација со другите Б витамини и витамин Ц.

Витамин Б6 – витамин на младоста

Витаминот Б6 спаѓа во групата на хидросолубилни витамини, се излачува од организмот како и останатите Б витамини, и мора редовно да се зема со храна и пијалоци.
Неопходен е да се зема во организмот во случај на диети, при алергии, и е потребен во процесот на созревање на еритроцитите. Покрај ова витаминот Б6 учествува во создавањето на мастите и протеините, поволно делува на нервниот систем, го успорува стареењето на организмот, ги намалува грчевите на мускулите во нозете и вкочанетоста на вратот. Како и останатите Б витамини има улога на диуретик.
Најдобро делува кога се зема со останатите витамини од Б групата, витамин Ц и пантотенска киселина. При недостаток на витаминот Б6, доаѓа до слабокрвност, воспаление на кожата и јазикот и останатите слузокожи.

Се препорачува во дози од 1,6мг до 2,0мг за возрасни особи, а за време на бременост и лактација и до 2,2мг.Најдобри извори на витаминот Б6 се претходно наведените артикли од групата на витаминот Б, со напомена дека во млекото и млечните производи го има во мали количини.
Високата температура, алкохолот и смрзнатото овошје делуваат неповолно на витаминот Б6, и ја смалуваат неговата концентрација во организмот.
Кај болните од артритис, се препорачува редовно земање на Б6 витаминот.

Би можело да ве интересира: ‘Витаминот на сонцето’ – Што треба да знаете за витамин Д

 

Д.К.

error: