ИсхранаМентално Здравје

Кофеин, шеќер или витамини – Кој е најдобриот начин за поттикнување на концентрацијата

Природниот процес на стареење, нормално дека се одразува и на мозокот. Но, добра вест е дека можете да го одржувате мозокот во добра кондиција со воведување на ‘паметна’ храна и здрави пијалоци во исхраната. Кои се тие?

Кофеин

Не постои магичен напиток кој ќе го зголеми IQ и ќе Ве направи попаметни, но, некои супстанции, како кофеинот, може да Ви ја зголемат енергија и концентрацијата. Иако ефектот е краткораен, сепак кофеинот го буди организмот. Но внимавајте, претерана консумација може да Ве направи раздразливи и вознемирени.

Шеќери

Шеќерите се извор на основно гориво кој го ‘придвижува’ мозокот. Но, тука не станува збор за рафинираните шеќери, туку за гликоза, која се создава при преработка на јаглехидратите кои ги јадете. Една чаша природен сок од портокал или друг овошен сок може, иако краткорочно, да ја подобри меморијата, мислењето и менталната способност.

Но, претераното консумирање може да ја влоши меморијата, а покрај тоа, премногу шеќери го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и предизвикуваат и други здравствени проблеми.

Не прескокнувајте го појадокот

Појадокот со житарици, млечни производи, овошје, ќе му ја дадат потребната енергија на мозокот, при што се подобрува меморијата и концентрацијата. Но, не се прејадувајте  – високо калоричниот оброк може да ја наруши концентрацијата.

Риба  – вистинска храна за мозокот

Омега 3 масните киселини се клучот за здравјето на мозокот. Ако внесете најмалку два оброка риба неделно, срцето и мозокот ќе Ви бидат многу благодарни. Исхраната богата со омега 3 масни киселини придонесува за намален ризик од појава на деменција, мозочен удар, и се успорува процесот на намалување на менталните способности.

Јадете секој ден ореви и црно чоколадо

Оревите и семињата се богат извор на витамин Е, антиоксиданс, кој според некои истражувања, се поврзува со намален пад на когнитивните способност во процесот на стареење. Црната чоколада исто така има моќно антиоксидативно дејство, а од друга страна содржи кофеин, кој уште на почетокот го наведовме дека е добар стимуланс.

Авокадо и житарици

Исхраната богата со житарици и овошје, како што е авокадото, го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања и го намалува нивото на холестерол во крвта. Добрата циркулација пак, од друга страна, овоможува добра исхрана на мозочните клетки.

Веднаш воведете во исхраната целозрнести житарици, како пченка, пченица, кои се богати со диететски влакна и витамин Е. Авокадото, иако е богато со масти, тоа се мононезаситени масти, кои се добри за циркулацијата.

Боровинки

Резултати од истражувања кај животни покажуваат дека боровинките го штитат мозокот од слободните радикали и го намалуваат ризикот од развој на дегенеративни заболувања, како Алцхајмер и деменција.  Исто така, испитувањата кај стаорци, покажале подобрени функции во однос на учење и подобрена мускулна активност, што ги довело до стадиум да бидат еднакви со помладите стаорци.

Балансирана исхрана

Ако во исхраната недостасуваат есенцијални нутриенти, секако дека ќе се одрази на намалување на способноста за концентрација. Јадење премалку или премногу, исто така не е здраво. Ако јадете преобилен оброк, потоа ќе се чувствувате уморни, додека премалку калории, ќе го поттикнуваат почесто чувството на глад. Затоа, потрудете се оброците да бидат добро балансирани, со разнолика застапеност на здрава храна.

Витамини, минерали и други суплементи, да или не?

Иако постојат многу комерцијални производи наменети за подобрување на мозочната активност, сепак, се уште недостасуваат научни докази. Од таквите препарати се препорачуваат комбинации кои содржат гинко, жен-шен и други комбинации на витамини, минерали и хербални препарати. Сепак, секогаш консултирајте се со лекар.

Како да го почнете денот

Ако сакате да ја зголемите концетрацијата, започнете го денот со природен цеден сок од портокал (или друго овошје), леб од цели житарици со лосос, шолја кафе. Како додаток на добро балансираната исхрана, практикувајте ги и следните совети:

  • бидете добро наспани
  • бидете хидрирани
  • вежбајте
  • медитирајте

Прочитајте на следниот линк: Како да се хидрира организмот преку овошје и зеленчук?

М.Д.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: