Исхрана

Како правилно да се избалансираат вашите оброци?

Клучот за здраво губење на тежината е во правилно избалансирани оброци. Умереност во исхраната и активноста е она што обезбедува здрав и продуктивен живот.

Доведување на телото во енергетскиот биланс, благодарение на правилна исхрана и физичка активност ни гарантира хармонија на телото и што е најважно, подобра здраствена состојба.

Меѓутоа, различни возрасти имаат различни потреби и затоа е важно да се воведе храната во умерени количини, како начин на живот во семејството и да се прилагодува за секој посебно.

Деца од 2 до 5 години

На детето после втората година треба да му се овозможи разновидно и квалитетно мени кое ќе содржи намирници од сите групи за да му се овозможи непречен раст и развој.

Најважно е да им понудат повеќе оброци во текот на денот, затоа што децата од првата до петтата година растат околу 7 см и тогаш ги усвојуваат добрите навики во исхраната – три главни оброци и две ужинки.

Експертите советуваат дека појадокот е најважен оброк.

Тинејџери

Бидејќи пубертетот е еден од најважните периоди во кои телото се менува, а децата влегуваат во една сосема нова фаза од животот, важно е да се воспостават правилата во исхраната.

На децата особено им се потребни јаглехидрати и протеини кои можат да ги добијат од месото, јајцата и млечните производи но и масти.

Покрај тоа потребни им се влакна, витамини и минерали, овошје и зеленчук – храна од сите групи на намирници.

Млади и зафатени мајки

Како што старееме, денот се скратува за усогласување на обврските и но најчесто пати нашето тело.

Треба да се напомене дека умереноста е клучна точка по која се водат многу познати мајки што се фит.

Неопходно е да се јадат сите групи на намирници и идеален ручек е комбинација на месо и зеленчук.

 

 

Н.Н.

error: