Исхрана

Како да разликувате здраво од нездраво јајце?

Доколку немате можност да живеете на село, обидете се барем да внимавате какви намирници внесувате во организмот и со каков квалитет. Денес ќе ви покажеме како да разликувате добри и здрави јајца, наспроти оние другите.

Се смета дека здравото јајце доаѓа од здрава кокошка, а правилната исхрана на живината е од исклучително значење за квалитетот на јајцата. Кога купувате јајца, секогаш земајте го предвид следново:

Бојата на жолчката

Идеалната боја на жолчката би требало да биде попортокалова. Затоа, подобро е да избегнувате јајца со светла боја на жолчка.

Дебелина на жолчката

Што подебела, тоа подобро! Здравите јајца се подебели и полни со хранливи состојки.

Дебелина на лушпата

Тешко е од око да се процени лушпата на јајцето. Здравото јајце има подебела и поцврста лушпа.

 

 

 

 

error: