Исхрана

Како да ги отстраните токсините од оризот при готвење?

Милиони луѓе секојдневно го загрозуваат своето здравје со готвење ориз на погрешен начин, а за тоа не се ни свесни.

Во составот на земјата се наоѓаат разни отрови опасни по здравјето на луѓето. Таков е и случајот во земјата во која се одгледува оризот. Меѓу сите тие отрови се наоѓа арсеник, многу силен отров од кој е дозволено само минимална концентрација во храната.

Стручницте лица долго расправаат колку е дозволениот процент на арсеник, па според последните одреби на Европската Унија тој е сведен на минимум.

Хронична изложеност на токсини како што е арсеник се поврзува со низа здравствени проблеми, како пречки во развојот, болести на срцето, дијабетес, па и се почестиот карцином.

Добрата вест е тоа што само мала промена во начинот на готвење на оризот може да има позитивно влијание врз вашето здравје.

Како да подготвите ориз правилно?

Измерете количина ориз во сад, па потопете ја во вода и оставете ја преку ноќ. Пред да го готвите, истурете ја водата, а оризот добро исцедете го и измијте го.

Оризот ставете го во тенџере и додајте вода во размер 1:5, и малку сол. Затворете го садот и гответе 10-15 минути.

 

 

Н.Н.

error: