Исхрана

Готвењето во алуминиумска фолија го зголемува ризикот од Алцхајмер и остеопороза

Научниците од Универзитетот во Шархај, спровеле истражување за квалитетот на месото готвено во алуминиумска фолија.

Според нив, храната готвена во кисела течност како на пр. лимонов сок или сос од домати, го апсорбира металот од фолијата. Таквата храна претставува потенцијална опасност за нашето здравје.

Едно парче месо готвено во фолија содржи 400 мг. метал, додека Светската здравствена организација наведува дека дозволен внес на метал во организмот е 40 мг. дневно.

Храната која се готви или е само зачинета со алкохол, не апсорбира толку многу метал. Фолијата се поврзува со остеопороза и Алцхајмер, па од тие причини, избегнувајте готвена храна во фолија, иако алуминиумската фолија ја сметате за неопходно средство во кујната.

error: