Исхрана

Еве ефикасно решение ако добивте екстра килограми за време на празниците

Кога ќе изберете храна со висока содржина на вода, се чувствувате сити без оглед на она што консумирате помалку калории и на тој начин можете да изгубите на телесната тежина, објаснува нутриционист Кристина Eзер.

Луѓето кои јадат пет оброци овошје и зеленчук дневно внесуваат помалку калории, но во исто време овошјето, зеленчукот и јогуртот исто така имаат многу витамини и минерали, вели Езер.

Производите кои содржат интегрални семенки, исто така може да помогнат.

– Во желудникот функцијата им е како сунѓер, бидејќи ја апсорбираат водата што на храната и ја дава тежината и волуменот – вели Eзер.

– Тоа создава чувство на ситост и да не јадеме толку многу калории.

За заштита на мускулите потребни ви се протеини – објаснува Eзер, додавајќи:

– Протеините обезбедуваат чуство на ситост што всушност е она што го сакаме: чувство на ситост а во исто време се губи на тежината – вели Eзер.

Сепак, самите протеини не се доволни за одржување на мускулното ткиво, туку за тоа се потребни и телесни вежби, вели Eзер.

Оптимални резултати ќе добиете токму со комбинација на вежби за сила и издржливост, завршува Езер.

 

 

Н.Н.

error: