Исхрана

Емоционално јадење: хранење на чувствата

Кога сте среќни, можеби бирате да јадете стек или пица а кога сте тажни, можеби бирате слатко или сладолед, додека кога се досадувате најверојатно јадете чипс.

Храната дава многу повеќе од полнење на стомакот – ги задоволува чувствата, а кога ќе ги изгаснете чувствата со храна кога вашиот стомак не кркори од глад тогаш тоа е емоционално јадење.

Кои се знаци на емоционално јадење, која храна е најмногу вклучена и како таа може да се спречи?

“Емоционално јадење е јадење од други причини, не поради глад”, вели Џејн Јакубсаг, експерт за исхрана на Универзитетот во Мериленд. “Наместо физички симптоми на глад кои ја поттикнуваат исхраната, исто така и емоциите предизвикуваат јадење.”

Како да направите разлика?

Постојат неколку разлики помеѓу емоционалната глад и физичката глад, изјавуваат експертите од Центарот за здравје на Универзитетот во Тексас.

  • Емоционалната глад доаѓа ненадејно; физичката глад се случува постепено.
  • Кога јадете за да ја пополните празнината што не е поврзана со празен стомак, желни сте за одредени видови храна, како што се пица или сладолед и само овој вид на храна ќе ги задоволи вашите потреби. Кога јадете затоа што сте гладни тогаш сте отворени за различни опции.
  • Емоционалната глад треба да биде задоволена веднаш со храна за која тежнеете, додека физичката глад може да почека.
  • Дури и кога сте сити, ако јадете за да ги задоволите емоционалните потреби, поголема е веројатноста дека ќе продолжите да јадете. Кога јадете затоа што сте гладни, поголема е веројатноста дека ќе запрете кога ќе се најадете.
  • Емоционалното јадење може да оставите зад себе чувство на вина, додека физичката глад не.

Храна за утеха

Кога ќе се појави емоционална глад, една од карактеристиките е дека сте фокусирани на одредена храна, што е вообичаено храна за утеха, брза храна.

“Храна за утеха е храна која личноста ја јаде за да постигне или да задржи одредено чувство поврзани со храната“, вели Брајан Вансинк, директор на лабораторијата од Универзитетот во Илиноис.

“Оваа храна е често погрешно поврзана со негативното расположение, и навистина луѓето често ја земаат кога се депресивни и разочарани, но исто така оваа храна се јаде и за да се задржи доброто расположение.”

Сладоледот е прв на листата на храна за утеха. После него, листата се расчленува по полови, за жените тоа е чоколадо и колачи, додека кај мажите тоа пица и стек.

Што ќе постигнете кога ќе јадете за да ги задоволите емоциите зависи од емоциите. Според една статија од Брајан Вансинк од 2000 година, од типот на храна за утеха што одредена личност ќе ја избере зависи од расположението.

Луѓето со добро расположение преферираат храна како пица или стек (32%).

Тажните луѓе се свртуваат кон сладолед и колачи 39% од времето и 36% од луѓето на кои им е досадно посегнуваат за кеса чипс.

Прекумерно хранење на емоциите

“Сите ние понекогаш јадеме поради емоциите”, вели Јакубсаг, која за ова зборувала со студентите на Универзитетот во Мериленд.

Кога јадењето станува единствена и главна стратегија за личноста да си ги контрола емоциите, се јавува проблем, особено ако храната која личноста ќе ја избере е нездрава.

“Ако јадете кога не сте гладни, големи се шансите дека дека вашето тело нема потреба од калории. Ако ова се случува премногу често, екстра калориите се складираат како масти а премногу масти доведуваат до вишок килограми, што со себе носи многу ризици по здравјето. ”

Според истражувањето Јакубсаг вели дека 75% од претераното јадење е предизвикано од емоционална состојба, затоа важно правилно е контролирање на емоциите.

Признавање на емоционалното јадење

“Првото нешто што треба да го знаете за емоционално јадење е како да го препознаете.

Водење на дневник на исхрана и оценување на гладот на скала од 1 до 10, секој пат кога ќе каснете нешто ќе ви помогне да видите кога и како јадете поради други причини освен вистинската глад “, вели Jaкупсаг.

Треба потоа да ги научите техниките кои ќе ви помогнат да ги контролирате своите емоции на друг начин освен со јадење.

“Често кога детето е тажно го усреќуваме со чоколада или колаче. Ова однесување се повторува години подоцна и кога ќе пораснеме. Никогаш не научивме како да се справиме со тажните чувства, бидејќи секогаш ги потиснуваме со колаче или чоколадо. Да научиме како да се справиме со емоциите без храна е нова вештина кои многу од нас треба да ја научат. ”

Затоа ве советуваме да не посегнувате по чоколади и колачи или хамбургери и пици доколку не сте гладни затоа што на тој начин внесувате поголем број на калории од потребните и тие ви се таложат како масти и на тој начин ја зголемувате тежината односно се дебелеете.

 

 

Н.Н.

error: