Диети

Што ќе се случи доколку не појадувате?

Др. Марк Матисон, невролог на Националниот институт за здравје во Мериленд, не појадувал цели 35 години. Тој не само што го прескокнувал доручекот, туку и ручекот, трчал по два часа на ден, а оброците ги започнувал по 5 часот попладне. Тој тврди дека токму заради тоа тој води здрав живот.

Во денешно време, кога исхраната главно се состои од три оброци и две ужини, оваа идеја звучи страшно. Но, според најновите истражувања, ова го практикуваат многумина, вклучувајќи и познати холивудски ѕвезди, како што е Хју Џекмен.

Волтер Ланго, директор на Институтот за долговечност при универзитетот South Carolina, сериозно го проучувал начинот на исхрана на доктор Матисон. Тој дошол до заклучок дека секојмесечен пост од два до пет дена
го намалува ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак.

-Гладувањето или постот го намалуваат нивото на инсулин како и хормонот IGF-1, кој е во директна врска со настанувањето на дијабетес и рак во организмот. Кога ќе го намалите нивото на овој хормон, Вашето тело “мирува”, ќелиите го намалуваат својот раст, а со тоа се успорува и стареењето и настанување на многу болести – вели доктор Ланго.

Правила на диетата 5:2

Оваа диета се сведува на тоа 5 дена да се храните нормално, со околу 2.000 калории за жени и 2.400 за мажи, а преостанатите два дена треба да внесувате 500 калории за жени, а 600 за мажи.

Иако е тотално сеедно во кои денови ќе се храните нормално, а во кои ќе постите, авторите на диетата предлагаат намалениот внес на калории да го оставите за понеделник и четврток.

-Понеделникот е одличен бидејќи тогаш најмалку мислиме на храна, а четвртокот е одличен бидејќи ни претстои викенд, денови кога најмногу уживаме во вкусните оброци со семејството и пријателите. Најважно е деновите во кои се пости да не бидат споени, односно меѓу нив да има простор од најмалку 24 часа – вели нутриционистката Мишел Харвиe.

Исто така, намирниците кои ги внесувате мораат да бидат разновидни, со цел организмот да ги добие сите потребни нутритиенти за негово правилно функционирање.

error: