Диети

Клучни совети кои треба да ги знаете за слабеењето

Исхраната и вежбањето – баш така! Треба да се види што се јаде и да се троши повеќе енергија отколку што внесуваме преку храна и пијалоци, со цел да се отстранат вишокот килограми.

Се сеќавате на “законот на конзервација на енергија” од средно училиште? За почеток нема да ви штети малку термодинамика:

Енергијата не може да се создаде од ништо, ниту пак може да се уништи, само може да се пренесе од една форма во друга, или од едно тело во друго.

Зошто мислите дека вашите килограми се исклучок од сите закони на оваа галаксија? Каде одат калориите од хамбургерите, помфритот, тестенините, лебот? Се претвораат во масни наслаги!

Затоа: пешачете, трчајте, возете велосипед, вежбајте аеробик, пилатес, јога, одете на фитнес ….

Физичката активност ја зголемува енергијата, потрошете ги овие калории!

Редукциските диети се тешки. Тешко е да се биде на диета. Резултатите во најголем дел се само привремени: килограмите се враќаат или уште полошо, ќе ги има повеќе од кога сте започнале со диетата.

Кога го планирате губењето на тежината, планирајте и други промени во вашите навики. Само тогаш ќе бидете на патот кон долгорочно решение.

Зборот диета доаѓа од грчкиот јазик Diaita што значи живот, начин на живот, храна, живеалиште, стан а во денешно време се идентификува исклучиво со намалувањето на внесот на храна и губење на тежината.

Затоа, добро смислете ги сите детали за вашата “диета”: бројот на оброци, храната која ја користите, храната која ќе ја исфрлите, храната која ќе ја конзумирате, начинот на кој се подготвува храната (со помалку масти), користење миксер и соковник, земање готови оброци на работа и така натаму.

Планирајте ги секојдневните активности од вежбање во фитнес центар до пешачење и секако избегнувајте го лифтот.

Секако контролирајте го напредокот еднаш неделно, преиспитајте ги резултатите и поставете си реални цели за во иднина.

Бидете задоволни со резултатите. Не се преоптеретувајте со напредокот, туку обидете се да се опуштите. илограми се симнуваат подолг временски период.

Премногу брзо губење на тежината е шлаканица за вашето тело, ќе имате повеќе штета отколку корист. Отфрлете ги сите штетни навики кои знаете дека порано или подоцна ќе го загорчат вашето здравје. Бидете среќни што конечно работите на себе и на вашето здравје.

 

 

Н.Н.

error: