ДиетиЗанимливости

Како да ја потиснете неодоливата желба за благо

Имате ли неодолива потреба за благо? Не можете да се контролирате? Тоа е причина што не можете да се задржите на некоја диета.

Не е проблем ако се заситите со еден ред чоколадо, но ако не можете да престанете после првиот залак, тогаш тоа е најлошата услуга која можете да си ја направите.

Потрудете се со овој план од три чекори за да ја потиснете потребата за благо.

Пробајте со еден од нив, ако не успева, обидете се со двата или трите предлози.

Ако сте гладни, јадете здрав оброк

Многу е важно да направите разлика – дали сте гладни или имате неодолива потреба за нешто благо? Ако сте гладни, веднаш почнете да приготвувате здрав и вистински оброк. Во моментот кога ќе почнете да јадете можеби нема да бидете задоволни како кога би јаделе сладолед или чоколадо, но, за кратко време ќе почнете да се заситувате.

Истуширајте се

Невообичаено звучи, но, топлиот туш делува. Пушете ја топлата вода да тече по Вашиот врат и рамена околу 5-10 минути, да Ве загрее доволно. Кога ќе излезете од тушот, Вашето тело ќе биде толку релаксирано и ќе заборавите на желбата за благо.

Одете на прошетка

Излезете на прошетка, брзо одење. Ако трчате, уште подобро. Така ќе ги оддалечите мислите од гладта за благо. Другата придобивка од физичката активност е што при тоа, во мозокот се ослободуваат ендорфини, кои придонесуваат за добро расположение. Ако не можете да излезете надвор, тогаш направете неколку серии на склекови, стомачни, или било кои други вежби во домашни услови.

Други начини за да ја потиснете желбата за благо

Ако овие три начини не Ви помогнат да ја потиснете желбата за благо, тогаш можете да се обидете и со некои други методи. Но, пред сè, на првиот момент кога ќе почуствувате потреба, треба веднаш да ја спречите. Најважно е дома да не чувате нездрава храна, на која во таквите моменти нема да може да и одолеете. Ако се храните здраво и вежбате неколку пати во неделата, многу ќе придонесете за своето здравје.

Обидете се и со следните методи:

  • Напијте се чаша вода. Потребата за благо понекогаш се поврзува со дехидратација.
  • Јадете овошје. Може на тој начин да ја задоволите потребата за шеќер. Јаболко, банана, портокал, се добар избор.
  • Избегнувајте вештачки засладувачи.
  • Јадете повеќе протеини.
  • Разговарајте со пријател. Раскажете му за своите проблеми и побарајте поддршка.
  • Спијте доволно.
  • Избегнувајте преголем стрес.
  • Избегнувајте места и ситуации кои ќе ја поттикнат желбата за нездрава храна.
  • Земајте мултивитамини.
  • Направете листа со потсетник – Зошто треба да се храните здраво – и во моментите на криза, прочитајте ги.
  • Не се изгладнувајте помеѓу оброците. Внимавајте секогаш да имате редовни и навремени оброци.

 

На следниот линк прочитајте: Еве кои видови на храна мора да почнете да ги одбегнувате како што стареете

 

 

М.Д.

 

error: