Диети

Еднодневна диета – Го прочистува организмот и ја намалува телесната тежина!

Зелениот чај е одличен за нашето здравје, но колку навистина знаете за “чајната диета” која се базира на зелен чај? Чајната диета е многу популарна, особено помеѓу луѓето кои се обидуваат да ја одржат телесната тежина.

Комбинацијата од бадемово млеко и зелен чај го чисти телото од токсини и отпаден материјал.

Чајната диета трае 1 ден, а ќе ви помогне да симнете околу 2 килограми и ќе го елиминира вишокот на течности. Но запомнете, оваа диета се држи само 2 пати месечно.

Не се препорачува кај индивидуи кои патат од бубрежни заболувања, кои имаат алергија на млеко, низок крвен притисок и проблеми со жолчното ќесе.

Како да го подготвите “чајно млеко”

Потребни ви се 2 супени лажици зелен чај (да не е спакуван во кесички) и 1.5 л. бадемово млеко.

Загрејте го млекото на 60 степени. Запомнете, треба да биде топло, но не претопло. Додадете ги двете лажици зелен чај. Покријте со капак и оставете да отстои 20-тина минути. Изладете и пијте по една шолја чајно млеко на секои два часа.

Не заборавајте да пиете многу вода, затоа што овој напиток е многу силен диуретик, а водата го оддржува баласот во телото. Чајната диета делува мошне ригорозно, но не грижете се , зелениот чај и млекото ќе ве држат сити во текот на целиот ден.

error: