Диети

ДУКАН ДИЕТА: Моќна диета на која дури ни Кејт Мидлтон не остана рамнодушна

дукан диета

Оваа диета им помогнала на многумина, вклучувајќи ја и војвотката од Кембриџ, а и славната поп ѕвезда Џенифер Лопез.

Францускиот невролог и нутриционист Пјер Дукан, развил систем на исхрана кој, според експертите, претставува една од најефикасните диети, кога ќе се земат предвид брзината и квалитетот на резултатите.

Што е Дукан диета?

Дукан диета е план на исхрана чија цел е брзо губење на килограмите и одржување на резултатите во иднина. Диетата се базира на 100 дозволени намирници, од кои 72 се протеински намирници (месо, јајца, млечни производи), а 28 се дополнителни намирници (зачини и зеленчук). За да можете брзо и рамномерно да ги изгубите килограмите, без стрии и целулит, диетата содржи одредени правила и е поделена на 4 фази: 2 фази во кои се губат килограмите и 2 фази во кои тие се враќаат назад.
Исто така, многу е важно да ги следите основите правила и принципи:
– Консумирајте најмалку 2 л. течност дневно (дозволено е чај, кафе и цикорија).
– Не ставајте мајонез во храната.
– Намалете ја количината на сол (но користете повеќе сосови и зачини).
– Не заборавајте да бидете физички активни (чекорење и вежбање).

4 фази на Дукан диета

 

1 фаза – Напад

Целта на оваа фаза е да јадете протеинска храна која ќе го стимулира телото да ги користи сопствените резерви. Телото брзо ќе ги согорува мастите, а протеините ќе помогнат мускулите и коскеното ткиво да останат недопрени. Во оваа фаза, поголемиот број од луѓето не се чувствуваат добро, а тоа е сигнал дека телото ги користи резервните масти. Затоа, оваа фаза е многу ограничена.

Времетраење – во зависност од бројот на килограми кои сакате да ги изгубите, можете да го одберете времетраењето на првата фаза:

– помалку од 20 кг.- 3 до 5 дена
– помеѓу 20 и 30 кг. – 5 до 7 дена
– повеќе од 30 кг. – 5 до 10 дена

Во протеинска храна спаѓаат сите видови на месо, риба, морски плодови и млечни производи кои не содржат млечни масти. Овие намирници се јадат во првата фаза. Исто така, треба да јадете по една лажица овесни трици и да пиете литар и половина вода секој ден.

2. Фаза на ротација – достигнување

Во оваа фаза, протеините ги додавате во зеленчукот (зелка, печурки, домат, краставица итн.). Целта на оваа фаза е да не дозволите да се вратат килограмите. Траењето на оваа фаза, ќе зависи од тежината која сте ја изгубиле во претходната фаза. Доколку сте изгубиле 1 кг. = 10 дена ротација. На пример, доколку сте изгубиле 3 кг. во првата фаза, тогаш фазата на ротација би требало да трае 30 дена.

Опции на ротација:

– 1 ден протеини, а потоа 1 ден зеленчук + протеини
– 2 ден протеини, а потоа 3 дена зеленчук + протеини
– 3 ден протеини, а потоа 5 дена зеленчук + протеини

Зеленчук можете да јадете неограничено. Треба да консумирате 2 лажици овесни трици и да пиете по литар и половина вода секој ден. Исто така, дозволено е да се јаде и сирење (со помалку од 6 проценти масленост), какао (1 лажица), кечап, зачини, леб (2 кришки) и вино.

3. Фаза на осигурување – спречување на враќање на килограмите

Во текот на оваа фаза, моменталната тежина се стабилизира и личноста се враќа на разновидната храна : леб, овошје, сирење и слатки. Траењето на оваа фаза е потполно исто како кај втората фаза.

Правила на фаза 3:

– Еднаш неделно јадете само протеини.
– Секој ден додавајте по 2,5 лажички овесни трици во храната.
– Пијте 2 л. вода дневно.
– Консумирајте секојдневно овошје ( освен грозје, банани и цреши ).
– Два пати неделно јадете компир, пченка, грашок, грав и други скробни намирници.
– Два пати неделно доручекот, ручекот или вечерата, заменети ги со храна која ја сакате.

4. Фаза на одржување – доживотно

Ова е последната фаза. Заснована е на 4 едноставни правила кои би требало да ги следите до крајот на животот, за да не ги вратите изгубените килограми:

1. 3 лажици овесни трици секој ден.
2. Најмалку 1.5 литар вода дневно.
3. Движете се повеќе.
4. Еднаш неделно јадете само протеини.

Овие 4 правила ќе ви помогнат да ја одржувате телесната тежина стабилна, а во текот на останатите 6 дена можете да јадете сè што ќе посакате.

Дукан диетата е одличен начин за намалување на телесната тежина (се губат од 3-6 килограми неделно), но таа не е соодветна за сите, особено за лица со хронични болести. Покрај тоа, првата фаза е навистина тешка за телото, па најдобро би било да се посоветувате со доктор пред да започнете со оваа диета.

error: